Јувентус утре го очекува гостување кај градскиот ривал Торино.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Масимилијано Алегри на денешната конференција потврди дека хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да биде во комбинација за утрешната средба.
„Манџукиќ е болен, па го испратив дома. Бернардески имаше проблем со мускулот на вчерашниот тренинг. Ќе биде во тимот, но не знаеме каква ќе биде неговата состојба. Дибала се уште не е спремен да започне натпревар, можеби ќе игра околу половина часа, а од следната недела ќе можеме да сметаме и на Матуиди“.
„Пјаниќ и Кедира ќе играат од првата минута, но се уште не сум одлучил кој ќе биде покрај нив“, изјави Алегри.
Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус се игра утре со почеток од 12:30 часот.