Дома Фудбал Италија Алегри: Пет години исполнети со љубов, сигурно ќе ме наследи голем тренер!

Алегри: Пет години исполнети со љубов, сигурно ќе ме наследи голем тренер!

Јувентус денес и официјално потврди дека Масимилиано Алегри нема да биде тренер наредната сезона.

Алегри во сабота во 14 часот заедно со претседателот Ањели ќе одржи пресконференција со која ќе се збогува од Јувентус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во меѓувреме, новинарите во Италија успеаа да земат кратка изјава од Алегри, кој е сигурен дека него ќе го наследи голем тренер.

„Беа потребни пет години да се изгради овој Јуве, но тоа е тоа. Животот е таков, сега си одам дома, а потоа ќе одморам малку покрај море“, изјави Алегри.

„Не знам кој ќе ме наследи, но Јувентус ќе донесе голем тренер, бидејќи е голем клуб. Ова беа пет години исполнети со голема љубов, за мене тоа е долг период“, додаде италијанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…