Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри денес на пресконференцијата пред утрешното дерби против Интер, откри кои од ѕвездите не се спремни за „Дербито на Италија“.
„Јувентус – Интер е дерби помеѓу два тима кои ќе се борат за титулата, но натпреварот нема да биде решавачки за титулата. Се уште не сум решил дали Дибала ќе биде во стартниот тим, треба да ја процениме неговата физичка кондиција. Буфон нема да игра, додека Пјаниќ и Манџукиќ не се спремни 100% за стартниот тим“, откри Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За дуелот помеѓу двата аргентински голгетери, Маури Икарди и Гонзало Игуаин, Алегри изјави:
„И Игуаин и Икарди постигнуваат многу важни голови. Гонзало целосно се пормени во последниот месец, многу напредуваше и повторно ги покажа своите квалитети. Во Напол постигна многу важен гол, пред тоа изгледаше како да шутира во медицинска топка“, се пошегува Алегри.