Дома Фудбал Италија Алегри открива што ќе беше да беше поинаку?!

Алегри открива што ќе беше да беше поинаку?!

Долгогодишниот член на Јувентус, Леонардо Бонучи ова лето го промени клубот и стана нов член на Милан.

Неговото заминување во редовите на големиот ривал ги изненади апсолутно сите и преку ноќ од миленик стана најомразен фудбалер кај навивачите од Торино.

Бонучи во текот на сезоната имаше неколку судири со тренерот Алегри. Меѓутоа, овој 50-годишен стратег изрази големо жалење што искусниот дефанзивец одлучи да замине и откри дека тој сигурно би бил новиот капитен на клубот.

„Жал ми е што замина. Лео сигурно ќе беше капитен на екипата во иднина, човек кој во соблекувалната им докажува на младите момчиња што значи името Јувентус. Сепак, тој направи поинаков избор. Клубот и јас не го обвинуваме што замина“, истакна Алегри.

Леонардо Бонучи дресот на Јувентус го носеше од 2010. година. Освои шест титули во италијанското првенство, а за седум години настапи 319 пати за „Старата дама“ и постигна 21 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Штип пристигна напаѓач од Канада

Екипата на Брегталница се засили со Натаниел Лоренцо од Канада кој пристигнува да ги засил…