Дома Фудбал Италија Алегри изненадува: Промени во составот, конечно исполнета и желбата на Маџукиќ

Алегри изненадува: Промени во составот, конечно исполнета и желбата на Маџукиќ

Фудбалерите на Јувентус вечерва на домашен терен ќе го одиграат мечот против Кротоне во рамки на 14. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ изминатото коло доживеа изненадувачки пораз на гостувањето кај Сампдорија и вечерва на актуелниот првак на Италија му е потребна победа, за да се доближи до Наполи пред големото дерби против овие клуба, кое ќе се одигра следната недела.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Масимилијано Алегри подготвил неколку изненадувања во составот за вечерашниот меч. Како што се наведува, Алегри на клупата ќе го остави Гонзало Игуаин кој се наоѓа во добра форма во последно време.

Сепак, информациите од Апенините говорат дека тренерот на Јувентус тоа го прави за да го одмори аргентинскиот напаѓач за дуелот следната недела. Во врвот на нападот би требало по долго време да заигра Марио Манџукиќ кој веќе некое време игра на позиција крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дани Олмо двапати го одбил Баерн пред да се приклучи на Барселона

Агентот на Дани Олмо откри дека шпанскиот фудбалер двапати го одбил Баерн Минхен пред да с…