Дома Фудбал Италија Алегри до Бернардески: Ова не е Фиорентина! (ВИДЕО)

Алегри до Бернардески: Ова не е Фиорентина! (ВИДЕО)

Јувентус оваа сезона игра одлично „старата дама“ забележа девет победи на девет одиграни натпревари, седум во Серија А, две во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бранителот на трофејот во Италија во својот ростер има голем број квалитетни имиња, па некогаш може да се појави и незадоволство кај одредени фудбалери поради добиената минутажа.

Во медиумите сега се појави едно видео на кое стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, му се обраќа на Федерико Бернардески со зборовите: Ова не е Фиорентина.

Многу јасно е дека Бернардески покажал незадоволство во одреден момент, па Алегри се обидел сликовито да му објасни како стојат работите. Ќе потсетиме, Бернардески во Јувентус пристигна од Фиорентина.

https://www.facebook.com/vbchannelhd/videos/479775819172313/?__xts__[0]=68.ARCl9vX6h43Dj6FJy4s2hhSPNKDE-GyrNSE0ICGH2dBdI9OJk0ykaolGz6Ox3v4h_9ZxA1dpiGdQx5S88uB8q7b_sJ8OPAnLYmHNLUsQjAIIqqYhLSmGjpB2_j0WuU-ofxya73nXPFONh7xnUzs8o52TPUlual2MtyaAUf_FP5JJzzi6UfDy&__tn__=-R

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беќири го објасни скандалозниот потег на фудбалерите на Шкендија по поразот во Купот (Видео)

Фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите по поразот од Силекс со 0-1 во финале…