Дома Трансфер зона Алдервајлед се сели во Серија А

Алдервајлед се сели во Серија А

Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервајлед е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома покажува сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец и во него гледа идеална замена за Костас Манолас.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Волчицата“ започна преговори и за Марк Бартра од Бетис, но тренерот Фонсека сака да направи тандем Бартра – Алдервајлед.

Белгиецот има откупна клаузула од 25 милиони фунти, која Рома е спремна да ја плати, па треба да постигне договор со фудбалерот.

Прашање е дали Алдервајлед ќе се согласи да игра во тимот кој нема да настапува во Лигата на шампиони и дали воопшто сака да ја напушти Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…