Реал Мадрид славеше во првиот натпревар од најсилниот пар во 1/8 финалето против Пари Сен Жермен (3:1).
Дел од фудбалерите, стручниот штаб како и првиот човек на „светците“ по натпреварот испратија критики до главниот судија, додека Дани Алвеш испрати предупредување до актуелниот европски шампион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алвеш е оптимист и верува дека неговиот тим може да одигра подобро во реваншот и да ја надополни негативата.
„Не одигравме лошо, но кога играте тука не смеете да се опуштате во ниту еден момент, доколку го направите тоа сите видовме што може да се случи. Но, ние сме голем тим и доколку Реал сака ¼ финале ќе мора повторно да одигра добар натпревар. Јас сум сигурен дека во вториот натпревар ќе ние бидеме на многу повисоко ниво“, изјави Алвеш.