Дома Фудбал Англија „Аларм“ во Лондон – Соблекувалната се врти против Конте!?

„Аларм“ во Лондон – Соблекувалната се врти против Конте!?

konte

Атмосферата во соблекувалната на Челзи не е на потребното ниво…

Изгледа дека Антонио Конте ги прави истите грешки како и во Јувентус.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми, играчите се незадоволни, силниот режим на тренинзи како „вирус“ го погоди тимот, па поради тоа повредите ги има се повеќе.

Новинарот Мет Хјуз, од „Тајмс“ тврди дека фудбалерите се пожалиле на замор како и дека не разбираат поради што режимот на тренинзи е ист како минатата година кога играа во само еден натпревар неделно.

Имено, од поразот од Палас во саботата, до натпреварот со Рома во вторникот, екипата имала три тренинзи.

Повреден беше Мората, во аут се Канте и Мозес, сега на повреда се пожалија уште Давид Луиз и Бакајоко.

Фудбалерите сметаат дека во прашање е заморот и дека Конте мора да ги промени своите тренинг методи. Италијанецот сличен проблем имаше и во Јувентус во втората сезона, но тогаш „старата дама“ беше пресилна во однос на остатокот од лигата па немаше премногу повреди.

И самиот Конте е незадоволен и понатаму смета дека преодениот рок е одработен многу лошо и дека проблемите дури сега ќе го стигнат Челзи.

Италијанецот најави и дека нема да остане долго во Лондон, но не се точни шпекулациите дека веќе договорил враќање во Италија, бидејќи не верува дека Милан кој го посакува има финансиска моќ да создаде тим каков што би му бил потребен да се бори за трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…