Сем Алардајс се врати во фудбалот и ќе се обиде во последните кола да го спаси Лидс од испаѓање на кого не му одеше под водство на неговиот претходник, Хави Гарсија.
Уште на првата прес-конференција популарниот „Биг Сем“ потсети на своите легендарни изјави и порача дека никој знае повеќе за фудбалот од него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многумина мислат дека сум стар, а тоа е далеку од вистината. Можеби имам 68 години и изгледам старо, но во фудбалска смисла не се пред мене ниту Пеп, Клоп или Артета…
Тие го прават тоа што го прават, јас го правам тоа што го правам. Во поглед на знаењето и длабочината, не би кажал дека сум подобар, но сигурно сум добар колку и тие“, изјави Алардајс.
🗣️ "There's nobody ahead of me in football terms, not Pep, not Klopp, and not Arteta."
— Football Daily (@footballdaily) May 3, 2023
Leeds United head coach Sam Allardyce believes he is up there with the best managers in the Premier League pic.twitter.com/cJhlJ9cFEj