Дома Фудбал Алаба пристигна во Мадрид, трансферот пред реализација

Алаба пристигна во Мадрид, трансферот пред реализација

Давид Алаба пристигнал во Мадрид за да го финализира трансферот во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алаба најпрво ја посетил клупската база и почнал да бара куќа во шпанската престолнина.

Медиумиуте тврдат дека неговиот трансфер во Реал Мадрид ќе биде официјализиран во четврток или петок.

Како што е познато, 28-годишниот Алаба одби да го продолжи договорот со Баерн Минхен и како слободен агент ќе потпише за „кралевите“.

Се очекува да стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Алаба е поливалентен фудбалер, може да игра на повеќе позиции во тимот, па сигурно ќе биде големо засилување за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Баерн заинтересирани за поранешен фудбалер на Барселона

Баерн Минхен покажуваат сериозен интерес за десниот бек на ПСВ Ајндховен, Сержињо Дест, со…