Дома Фудбал Алаба конечно проговори за трансферот во Реал Мадрид

Алаба конечно проговори за трансферот во Реал Мадрид

Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба даде коментар на шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, Алаба на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент, а се погледи се шпекулациите дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

Според некои информации 28-годишниот фудбалер веќе има договор со „кралевите“ и ги одбил сите други понуди.

„Реал Мадрид? Јас не сум од луѓето кои наутро читаат весник, но и до мене стигнаа тие вести. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Тоа е се што можам да кажам“, истакна Алаба.

„Не е тајна дека мојот приоритет е да играм на Мундијал со мојата репрезентација. Поради тоа овие квалификации за нас се многу важни и сакаме да ги започнеме со победа“, додаде Австриецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…