Челзи тргнува по одбраната на својата круна во Лигата на шампионите вечерва кога Лил ќе гостува на Стемфорд Бриџ на првиот натпревар од нивната битка во осминафиналето.
Сините завршија само втори во групата Х после Јувентус, додека актуелниот шампион во Лига 1 заврши на врвот на табелата во крајно израмнетата Група Г.
Челзи победува, но без убедлива игра
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Актуелниот европски шампион кој заврши на второто место во групната фаза едвај идеален сезонава во европски рамки, но сепак Челзи на крајот удобен се пласираше во нокаут рундата, дури и покрај тоа што Зенит Санкт Петербург го задржа тимот на Томас Тухел до возбудливо реми 3:3 во послендото коло.
Следејќи го нивниот европски успех со тоа што станаа светски шампиони на почетокот на оваа година, Челзи продолжува да гази на сите фронтови. Моментално тимот е во серија од пет победи во сите натпреварувања. Сепак, ако победите изгледаат убаво – тогаш перфомансите на тимот и не се толку добри.
Момците на Тухел беа фрустрирани во голем период од нивната пресметка со Кристал Палас во Премиер лигата во саботата, а им требаше до 89 минута за да го постигнат важниот гол преку Хаким Зиех. Пред тој меч со Кристал Палас играа финале на Светското клупски првенство, а славеа по продолженија над Палмеирас. Тухел е свесен дека тимот мора да ја подобри играта, ако сака победничката серија да продолжи.
Челзи беспрекорен на домашен терен
Сините сигурно не се сметаат за еден од фаворитите во Лигата на шампионите оваа сезона – особено со нивниот алармантен рекорд од четири последователни испаѓања од 1/16 финалето пред да го освојат трофејот во 2021 година – но не им е непознато да пркосат на очекувањата.
Формата на домашен терен е ветувачка. Челзи на домашен терен во тврдината Стемфорд Бриџ, ги доби последните четири натпревари во Лигата на шампионите и тоа без примен гол, а од септември избраниците на Тухел не претрпеле пораз на домашен терен.
Сега се големи фаворити за победа на овој меч. Буквално се е на нивна страна, освен можеби свежината. Сепак, Тухел има еден доста широк спектар на фудбалери на сите позиции и за актуелен Европски и Светски шампион заморот не смее да биде проблем.
Тешка е сезонава за Лил
Работите тешко можеа да започнат полошо за Лил на континентално и домашно ниво под водство на Жоселин Гурвенец, кој беше сведок како неговата екипа освои само два бода од нивните први три меча во Групата Г и испаѓањето од Европа се чинеше неизбежно.
Сепак, фудбалерите на Лил усеаја да забележат последователни победи над Севиља, Ред Бул Салцбург и Волфсбург за да се искачат на врвот на групата и сосема заслужено да се најдат во оваа фаза.
Сепак, шампионите се уште се мачат во Лига 1, особено откако во петокот вечерта одиграа само 0:0 на домашен терен против Мец кој се бори за опстанок. Лил отпатува за англиската престолнина откако победи само на два од последните седум натпревари во сите натпреварувања.
Лил успеа да стигне до осминафиналето на Лигата на шампионите само во една претходна прилика и сега имаат една речиси невозможна мисија да повторат тој успех.