Ако ФИФА ги почитува правилата Џака и Шаќири ги очекува жестока казна.
Ширум светот денес се водат полемики за недосудениот пенал на Србија, но и за скандалозната прослава на Гранит Џака и Џердан Шаќири.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што е познато Фудбалскиот сојуз на Србија испрати жалба до ФИФА на судењето и на однесувањето на двајцата репрезентативци на Швајцарија, а додека го чекаме епилогот српските медиуми ја потсетуваат ФИФА на сопственото праволо.
Посебен акцент се става на членот 54 од Дисциплинскиот правилник на ФИФА во кое се наведува.
„Секој кој ја провоцира пошироката јавност во текот на натпреварот ќе биде казнет со два натпревари и парична казна од 5.000 швајцарски франки“.