Дома Останати Ако УФЦ сака да организира реванш на Кабиб ќе мора да му исплати рекордна сума!

Ако УФЦ сака да организира реванш на Кабиб ќе мора да му исплати рекордна сума!

khabib

Како што е познато изминатиот викенд беше одржана борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов која заврши со победа на Дагестанецот.

Набрзо по завршувањето на борбата Мекгрегор се огласи преку социјалните мрежи и најави реванш со Кабиб, за потоа и претседателот на УФЦ Ден Вајт да потврди дека Ирецот навистинал побарал реванш со Кабиб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, сега УФЦ во случај на реванш би морала да Нурмагомедов да му плати поголема сума – најголема во историјата на овој спорт дадена од УФЦ за влез во октагон.

Ќе потсетиме за оваа борба однапред беше договорено Конор да добие три милиони долари, додека Нурмагомедов еден помалку, сега од таборот на Дагестанецот порачале
дека за реванш УФЦ на Кабиб ќе мора да му плати пет милиони долари.

Ваквите најави не се потврдени од некоја од двете страни, но истото го смета и американскиот ММА борец Лук Рокхолд кој откри и дека зборувал со Кабиб.

„Ако Конор сака да му се одмазди на Кабиб, УФЦ ќе мора да му плати огромна сума. Тој ќе побара сума кој би била апсолутен рекорд во овој спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…