Според историјата и фудбалската наука изгледа безмислемно Лигата на шампионите да продолжи да се игра биејќи Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе се радува во мај.
Минатата недела Манчестер Јунајтед во трилер натпревар го совлада ПСЖ на гости со 3:1 и така се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Поразот на Манчестер Јунајтед во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ од 2:0 беше првиот за Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неверојатното враќање на Манчестер Јунајтед во реваншот благодарение на двата гола на Ромелу Лукаку и голот од пенал во финишот од натпреварот на Маркус Рашфорд беше прв пат после 107 обиди еден тим да надополни 2:0 заостанување од првиот натпревар на свој терен.
Меѓутоа, изгледа дека Оле Гунар Солскјер е предодреден за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Не верувате? Еве што вели историјата.
Во 2007 година Ливерпул изгуби во финалето во Лигата на шампионите, а една година подоцна во финалето во Москва се радуваше Манчестер Јунајтед. Минатата година „црвените“ беа поразени од Реал Мадрид.
Потоа во 2016 година Ливерпул изгуби во Лигата на Европа во Севиља и Манчестер Јунајтед во 2017 година го освоија второто по ранг европско натпреварување.
Историјата не зима во предвид само два фактори, туку тука се и меѓународните успеси. Кога во 1998 година Сер Алекс Фергусон го одведе Манчестер Јунајтед до тронот на Европа во финалето против Баерн, Франција го освои Светското првенство. 20 години подоцна Французите одново станаа светски шампиони откако триумфираа изминатото лето во Русија.
Во својот триумф во 1999 година „црвените ѓаволи“ се вратија од два гола заостанување против Јувентус, како и минатата среда.