Дома Останати Тенис Ако Серена јавно не се извини, ќе добие бојкот од сите судии!?

Ако Серена јавно не се извини, ќе добие бојкот од сите судии!?

serena

Скандалите кои американската тенисерка Серена Вилијамс ги направи во финалето на УС Опен се уште се помеѓу настаните за кои најмногу се пишува во спортските медиуми.

Како што веќе е добро познато, Серена во финалниот натпревар против Јапонката, Наоми Осака кој на крајот го загуби испрати тешки навреди кон главниот судија на натпреварот кој само ги спроведуваше правилата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Таквото однесување на Серена наиде на големо осудување од останатите судии, кои се и разочарани од организацијата на УС Опен бидејќи судијата бил оставен сам на себе.

Судиите најавуваат дури и бојкот на натпреварите на американската тенисерка.

Имено, се пишува дека доколку тенисерката не излезе со јавно извинување во медиумите тие ќе ги бојкотираат нејзините натпревари, односно сите ќе одбиваат да ја делат правдата кога Серена ќе игра меч на кој било турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Вчера спортската јавност беше изненадена со објавата дека Новак Ѓоковиќ ја прекинува сораб…