Дома Фудбал Останато Ако Роналдо денес направеше трансфер од Барса во Интер ќе беше најскап играч на сите времиња

Ако Роналдо денес направеше трансфер од Барса во Интер ќе беше најскап играч на сите времиња

Некогаш во фудбалот за 20-30 милиони евра можевте да доведете голем играч, меѓутоа работите денес драстично се променети.

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ беше вреден 222 милиони евра и во овој момент тоа е најголема вредност на еден трансфер во историјата на овој спорт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истражувањето на „Плеј Рејтингс“ покажало дека денес трансферот на Роналдо од Барселона во Интер кој се случи во 1997 година би изнесувал рекордни 433 милиони евра.

Во тоа време Бразилецот во Интер премина за 28 милиони евра, а кога ќе се земат во предвид сите параматери на денешниот пазар се добива бројка од 433 милиони евра со што Бразилецот денес би бил најскап играч на сите времиња.

Роналдо таа сезона постигна 47 голови во 49 натпревари, а со одличната форма продолжи во Италија каде што за „нероаѕурите“ на 99 натпревари постигна 59 погодоци.

Уште неколку трансфери во тоа време доколку би се направеле денес би го надминале оној на Нејмар. Така трансферот на Кристијан Виери од Лацио во Интер денес би изнесувал 334 милиони евра.

Рома на Фиорентина за Габриел Батистута денес би требало да и плати 281 милиони евра, додека трансферот на Марадона во Наполи би достигнал и сума од 334 милиони евра. Марадона во тоа време за Наполи потпиша за десет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …