Милан многу лошо ја отвори сезоната и после првите две кола освои само еден бод, па притисокот врз тренерот Фонсека се зголемува.
„Росонерите“ ова лето донесоа неколку големи засилувања и имаа големи амбиции, а бидејќи сега следи период во кој „росонерите“ ќе играат против Лацио, Интер и Фиорентина, медиумите почнаа дополнително да вршат притисок врз Фонсека.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тутоспорт“ пренесува дека Милан му ја потврдил довербата на тренерот, но доколку работите не се променат тогаш ќе размислува за смена, а прва меча е Масимилиано Алегри.
Алегри е слободен после заминувањето од Јувентус, а во минатото со успех го водеше Милан и освои едно Скудето.