Доколку Сегеј Милинковиќ-Савиќ го напушти клубот, Лацио ќе го донесе играчот на Лил, Турчинот Јусуф Јазичи.
СМС одамна се поврзува со големи клубови и се верува дека Лацио поради кризата во текот на летото ќе го продаде репрезентативецот на Србија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку тоа се случи, римскиот клуб ќе се обиде да го донесе Јазичи кој неодамна му даде три гола на Милан во Лига Европа, а добри игри прикажува и во текот на целата сезона.
Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре е долгогодишен љубител на играта на турскиот играч кој останува главна мета на небесно-сините.