Дома Фудбал “Ако не ти се допаѓа Иниеста, не ти се допаѓа фудбалот воопшто!”

“Ако не ти се допаѓа Иниеста, не ти се допаѓа фудбалот воопшто!”

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ има само пофални зборови за неговиот клубски колега, Андрес Иниеста, кој по крајот на сезоната ќе го напушти Камп Ноу.

„Ако не ти се допаѓа Иниеста, тоа значи дека не ти се допаѓа фудбалот. Навистина си направил огромна грешка.“ – коментира Ракитиќ.

Интерес за услугите на Иниеста засега има од кинески и јапонски клубови, но се уште не е потврдено каде ќе ја продолжи кариерата.

Иднината на самиот Ракитиќ во Барса се уште не е јасна и тој исто така може да го напушти клубот по крајот на сезоната. Според медиумите во Шпанија, хрватскиот репрезентативец може да се врати во Севиља, каде играше пред да премине во Барселона во 2014. година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…