Дома Фудбал Ако не дојде Кутињо, доаѓа друг Бразилец

Ако не дојде Кутињо, доаѓа друг Бразилец

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Гремио, Артур.

Артур е еден од носителите на играта на Гремио и најзаслужен за освојувањето на Копа Либертадорес, па со тоа го сврте вниманието на големите фудбалски клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез беше во Бразил и го следеше финалниот натпревар на Копа Либертадорес, за потоа да покаже интерес за фудбалерот на Гремио да го донесе на Камп Ноу.

Артур игра на позицијата централен играч за врска, роден е 1996. година, а неговата откупна клазула изнесува 50. милиони евра.

Проблем за Барселона би можел да биде интересот на Жозе Мурињо, кој исто така покажа интерес за неговите услуги.

Но, да потсетиме, Барса има свој прв пик, а тоа е Фелипе Кутињо, за кој сагата продолжува и понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…