Легендарниот Гери Невил изјави дека ако Ливерпул ја освои ЛШ ќе се комплетира „сезона од пеколот“ за него.
Поранешниот фудбалер на Јунајтед се надева дека Реал Мадрид ќе биде подобар од екипата на јирген Клоп во големото финале на 26. мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова би можела да биде сезона од пеколот. Манчестер Сити ја освои титулата. Ако сега и Ливерпул триумфира во ЛШ, а Челси го победи Јунајтед во финалето на ФА купот, ќе размислувам да заминам негде на година дена на место каде нема интернет и сигнал за телефон. Истото и милиони навивачи на Јунајтед би го направиле. Кога е финалето на ЛШ? 26. мај? Ќе закажеме чартер лет на 27ми. Сите ќе сакаат да заминат од Манчестер, можеби во Амазонската шума.“ – рече Невил и додаде:
„Ајде да се надеваме дека Јунајтед ќе го освои Купот и дека Роналдо, нашето дете, нашиот пријател, ќе постигне хет-трик во финалето. Ливерпул беше одличен до сега, но не сакам тие да ја освојат ЛШ.“
Финалето во ФА Купот е на 19. мај, а натпреварот за титулата во ЛШ се игра седум дена покасно.