Дома Топ вести Ако Леао замине, Милан ќе тргне по Феликс

Ако Леао замине, Милан ќе тргне по Феликс

Португалските медиуми пренесуваат дека Жоао Феликс би можел да го замени Рафаел Леао во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леао се уште не ставил потпис на нов договор, па доколку тоа не се случи во наредните месеци Милан ќе биде спремен да го продаде на лето.

Баерн Минхен, ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Сити се силно заинтересирани за Леао и се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.

„Рекорд“ пренесува дека доколку Милан го продаде Леао, тогаш како негова замена сака да го донесе неговиот сонародник Жоао Феликс.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Феликс е разочаран од ситуацијата во Атлетико и побарал да го напушти клубот во јануари.

Неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе стапил во контакт со „росонерите“, а трансферот би можел да се реализира за 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…