Вчера во Монако беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Европа во која сигурно не очекуваат многу возбудувања.
Оваа сезона во Лигата на Европа ќе играат неколку европски гиганти, а еден од нив е и Арсенал. Лондонскиот клуб се наоѓа во групата Е од која за пласман во следната фаза ќе се бори Спортинг, Карабах и Ворскла. Овој ждреб веројатно најмногу не му се допадна на Хенрик Михтаријан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Михтаријан уште сега знае дека нема да може да игра на гостински теренеб против Карабах бидејќи како државјанин на Ерменија нема право на влез во Азербејџан. Поради овој проблем фудбалерот пред неколку години го пропушти натпреварот против Габала додека го носеше дресот на Борусија Дортмунд.
Односите помеѓу Ерменија и Азербејџан кои се соседи е посебно лош, а веќе со години Ерменците немаат право на влез во соседната земја.
Тоа не е единствен проблем за играчот на клубот од Лондон. Доколку Арсенал се избори за финале во Лигата на Европа, не ќе може да смета на Михтаријан бидејќи финалето се игра во Баку, главниот град на Азербејџан.
Henrikh Mkhitaryan will be unable to play for Arsenal in their away match against Qarabag in the Europa League group stages after Azerbaijan banned Armenians from entering the country over tensions between the bordering rivals. [Vivaro] #afc pic.twitter.com/BukDSitKu5
— afcstuff (@afcstuff) August 31, 2018