Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил од идното лето, тоа веќе го потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на „Кариоките“.
Бразил успеа да го убеди Анчелоти по долги преговори, меѓутоа претседателот на државата, Лула Да Силва не се согласува со изборот на новиот селектор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Да Силва е против ангажманот на Анчелоти велејќи дека Анчелоти ако бил толку добар ќе ја поправел ситуацијата во италијанската репрезентација.
„Не знам што би кажал, ако е толку добар зошто тогаш не го реши проблемот на Италија? Италија не може да се пласира ниту на Светско првенство“, истакна Да Силва.
Италијанците не се пласираа на последните два Мундијалите, а во последниот бараж токму Македонија ги елиминираше во полуфианлето. Бразил до доаѓањето на Анчелоти ќе биде предводен од Фернандо Диниз.