Дома Актуелно Азар ја сака ѕвездата на Ливерпул во Реал Мадрид

Азар ја сака ѕвездата на Ливерпул во Реал Мадрид

Еден Азар ова лето пристигна во Реал Мадрид како најголемо засилување, па сигурно Белгиецот ќе биде важен фактор и во соблекувалната.

Летната реконструкција на „кралевите“ се уште не е завршена и Реал планира да донесе уште неколку нови фудналери, а претседателот Флорентино Перез наводно се консултирал со Азар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пренесува дека Азар го предложил својот ривал од Премиер лигата и ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане.

Тешко е да се верува дека Ливерпул ќе го пушти еден од најдобрите свои фудбалери, но доколку Реал успее да го продаде Бејл во скоро време и да се ослободи од неговата плата, може да испрати богата понуда за Сенегалецот.

Садио Мане е голема желба и на тренерот Зинедин Зидан, а Азар верува дека ќе биде идеално засилување за тимот, па му го предложил на раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…