Дома Фудбал Останато Азар после освојувањето на титулата: Мислам дека е време да си кажеме збогум

Азар после освојувањето на титулата: Мислам дека е време да си кажеме збогум

Челзи вчера стигна до трофејот во Лигата на Европа откако со 4:1 го победи Арсенал во финалето во Баку.

Лондонските „сини“ заслужено стигнаа до победата, а одличен натпревар одигра Еден Азар кој беше стрелец на два гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Азар со својата изјава после натпреварот малку го расипа расположението кај навивачитен а Челзи. Азар потврди дека го напушта Челзи и се сели во Реал Мадрид.

„Беше добро. Мислам дека двете екипи играа под одреден стрес во првото полувреме бидејќи станува збор за финале, но кога Оливие го постигна првиот гол тоа беше почеток на една одлична вечер“, изјави Азар за „БТ Спорт“, а потоа зборуваше за неговата иднина:

„Ќе биде одлучено во наредните денови, јас вечерва мислев само на финалето. Мојата одлука ја донесов и сега чекам клубовите да го направат своето. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не се знае. Мојот сон беше да играм во Премиер лигата и тоа го направив во еден од најголемите клубови, меѓутоа сега е време за нов предизвик“, порача Азар.

Кога заврши и финалниот натпревар сега се очекува конечно да биде официјализиран трансферот на Белгиецот во редовите на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…