Дома Фудбал Останато Азар: Не знам дали финалето ќе биде мој последен натпревар за Челзи

Азар: Не знам дали финалето ќе биде мој последен натпревар за Челзи

Еден Азар после вчерашното полуфинале на Челзи доби прашање за неговата иднина.

Азар на големо се поврзува со Реал Мадрид и беше приморан да ги коментира таквите гласини откако неговиот тим се избори за финале во Лигата на Европа откако вчера го совлада Ајнтрахт после пенали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не размислувам за тоа. Само сакам да освојам нешто со овој тим. Не знам дали натпреварот против Арсенал ќе биде мој последен за Челзи. Ќе се обидам да освојам титула со овој тим“, изјави Белгиецот, а потоа зборуваше за натпреварот.

„Одигравме одличен натпревар, но кога сте во полуфинале не може да биде лесно, среќни сме што се пласиравме во финалето во Баку. Овие натпревари беа еднакви, но покажавме карактер кога требаше“.

Азар ја превзема одговорноста за пеналот во петтата серија и постигна гол.

„Секогаш превземам одговорност кога морам. Денес сме среќни, но се уште не е готово, имаме уште еден натпревар против Арсенал. Мораме да отидеме во Баку, да одиграме добро и да победиме“, порача првата ѕвезда на Челзи.

На крајот кога се ќе собере ова би можела да биде и една добра година за Челзи иако Маурицио Сари во одреден период добиваше големи критики. Челзи го обезбеди настапот во Лигата на шампионите за наредната сезона, а има прилика и да освои европски трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…