Дома Фудбал Азар дефинитивно отпадна за Ел Класико

Азар дефинитивно отпадна за Ел Класико

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар дефинитивно отпадна од конкуренција за големото дерби со Барселона идната недела, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот продолжува да се рехабилитира од мускулната повреда и од Реал Мадрид не сакаат да преземаат ризик.

Приоритет на клубот е целосното рехабилитирање на Азар, па затоа ќе му дадат доволно време да се опорави и нема да биде повикан за „Ел Класико“.

Бившиот фудбалер на Челзи неколку пати се рехабилитира и повторно ја обновува повредата. На 29-ти ноември минатата година почнаа маките за Азар кога заработи повреда, а потоа не успеа да заигра во континуитет.

Белгиецот често се мачи со повреди откако пристигна во Реал Мадрид, па поради тоа сега „кралевите“ ќе му дадат подолго време за рехабилитација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински и…