Дома Фудбал Азар: Во Реал Мадрид се чувствувам како мало дете

Азар: Во Реал Мадрид се чувствувам како мало дете

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Един Азар не крие дека е исклучително среќен од првите недели во работата со тренерот Зинедин Зидан.

Азар ова лето пристигна како најголемо и најскапо засиливање за Реал Мадрид, но оваа сабота за прв пат дебитираше во белиот дрес.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгецот се рехабилитираше од повреда здобиена во претсезоната, па се очекува наскоро да стане клучен играч во тимот на Зидан.

„Среќен сум во Реал Мадрид, се чувствувам како мало дете. Фантастично е што работам со тренер, кој ве разбира што чувствувате кога зборувате со него. Едноставно треба да учам од него и сум сигурен дека се е во добар ред. Кога сте во Реал фановите секогаш очекуваат освојување на најважните трофеи“, изјави Азар.

Реал во првото коло од Лигата на шампионите игра против Пари Сент Жермен, па се очекува Азар да заигра од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити …