Дома Фудбал Адеми: Севиља е фаворит на хартија, но…

Адеми: Севиља е фаворит на хартија, но…

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Арјен Адеми ќе се соочи против Севиља во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Адеми истакна дека Севиља е фаворит во овој меч, но сепак не ги исклучува во целост шансите на неговиот тим.

„Динамо загуби пред шест години, но во меѓувреме тимот се промени и научи да игра такви натпревари. Верувам во нас дека може да постигнеме добри резултати. Ќе се обидеме да обезбедиме добар резултат на гостински терен. Тие имаат подобри индивидуалци, се наоѓаат на второ место во Ла Лига и тоа зборува многу за нив.  На хартија Севиља е голем фаворит, но понекогаш победуваат помалите екипи. Се надевам дека ќе излеземе како победници“, порача Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…