Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми одигра 90 минути, Ристовски остана на клупата – Динамо поразен од Салзбург

Адеми одигра 90 минути, Ристовски остана на клупата – Динамо поразен од Салзбург

Екипата на Динамо Загреб каде што настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски го претрпе вториот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.

Динамо сезоната во Лигата на шампионите ја започна со голема победа против Челзи, а во минатото коло беа поразени од Милан. Денес тие го запишаа вториот пораз во дуелот со Салзбург на гостински терен (1:0).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Моментот на одлука се случи на 20-тина минтуи пред крајот на натпреварот кога Окафор беше реализатор на најстрогата казна. Може да се каже дека иако резултатот е минимален, сепак Салзбург заслужено дојде до победата бидејќи беше подобар тим на теренот во текот на целиот натпревар.

Аријан Адеми ги одигра комплетните 90 минути, додека Ристовски остана на клуапата за резерви. Во самиот финиш од натпреварот Динамо преку Дрмиќ ја погоди мрежата меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Лајпциг го доби Селтик со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…