Напаѓачот на Мсанчестер Сити, Серхио Агуеро, смета дека мадридски Реал без многу мака ќе го мине ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Првиот натпревар помеѓу овие два тима, на „Сантиаго Бернабеу“, заврши со победа на Реал 3:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Верувам дека Реал ќе оди понатаму, се наоѓа во добра позиција. Веќе имаат предност од два гола и доколку постигнат уште еден во Париз мислам дека серијата е готова. Очекувам Реал да мине понатаму без поголеми проблеми“, смета Серхио Агуеро.
Додатен хендикеп за Пари Сент Жермен ќе биде отсуството на Нејмар, кој има скршеница на стапалото и сигурно ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид.
Официјално од ПСЖ: Нејмар има скршеница, го пропушта Реал! https://t.co/pMJsgA1CHH
— Sportski.mk (@Sportski_mk) February 27, 2018