Дома Фудбал Агуеро се правдаше поради навредите кон Камавинга

Агуеро се правдаше поради навредите кон Камавинга

Серхио Агуеро се занесе во прославата на шампионската титула на Аргентина и го навреди францускиот репрезентативец Камавинга.

Агуеро реши да прави рима со презимето на Камавинга и го навреди младиот играч на Реал, поради што денеска мораше да се објаснува на социјалните мрежи.

„Нека се подготви Камавинга, Кара де Пинга (свинска глава)“, рече Кун на видео обраќањето.

„Тоа беше само шега како оние кои ги правам за време на моите стримови. Немав никаква лоша намера. Испраќам мир и љубов“, се правдаше Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европска вечер, празни трибини: Звезда без голема поддршка против Копенхаген

Дуелот со Копенхаген привлече малку публика на „Маракана“, по разочарувањето од европскиот…