Дома Фудбал Репрезентации Агуеро откри што им кажал Меси во соблекувалната после поразот

Агуеро откри што им кажал Меси во соблекувалната после поразот

Поразот од Бразил од 2:0 во полуфиналето на Копа Америка тешко му падна на Лионел Меси.

Капитенот на аргентинската репрезентација после натпреварот беше лут и порача дека Бразилците ќе играат во финалето благодарение на судиите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се надевам дека Конмебол ќе направи нешто, но искрено не верувам дека ќе има ништо затоаш то Бразил управува со се и ситуацијата е многу комплицирана. Во текот на целиот натпревар судијата го фаворизираше Бразил. Сите ситуации кои не беа „чисти“ ги досуди за нив, а потоа тука беа и пеналите над Агуеро и Отаменди“, изјави Меси после натпреварот.

После поразот говор во соблекувалната одржал Меси, а неговите зборови на новинарите им ги пренесе Серхио Агуеро.

„Лео со нас разговараше во соблекувалната и мислам дека сите знаете што ни кажа. Ни порача дека репрезентацијата има иднина и дека мораме да се насочиме кон следното натпреварување на кое нашата селекција ќе биде домаќин. Неговите зборови ќе им помогнат на помладите играчи кои сфатија дека мораат да ја кренат главата и да продолжат да се борат“, откри Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…