Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро состави екипи од неговите пет најдобри аргентински фудбалери во историјата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во идеалната „петорка“ на искусниот напаѓач на Сити немаше место за легендарниот напаѓач Диего Марадона која во 1986 година и помогна на репрезентацијата да ја освои првата светска титула.
Во тимот на Агуеро се: Херман Бургос, Оскар Риџери, Лионел Меси, Карлос Тевез и Хуан Роман Рикелме.
Ќе потсетиме, фудбалерот на Манчестер Сити беше оженет со ќерката на Марадона со која во 2009 година доби син. Кум на детето на Агуеро е неговиот близок пријател и соиграч од репрезентацијата Лионел Меси.
Агуеро и ќерката на Марадона подоцна се разведоа, а неговиот наследник продолжи да живее со мајката.