Марек Хамшик ќе се врати на Сан Паоло за прв пат откако замина во Далијан, пишуваат медиумите во Италија.
Словакот го носеше дресот на Наполи повеќе од десет години, каде успеа да изгради култен статус, па дури и да го надмине легендарниот Диего Марадона по број на постигнати погодоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ниту денеска, додека е во Кина не се раскина врската со Наполи, а неговиот агент откри дека 32-годишниот фудбалер утре ќе ги бодри Наполитанците во натпреварот против Аталанта. Тоа воедно ќе му биде прво доаѓање на Сан Паоло откако во февруари замина на Далечниот исток.
„Вистина е дека мојот играч во живо ќе го следи натпреварот помеѓу Наполи и Аталанта. За него тоа ќе биде посебен момент.“ – изјави неговиот аген Јури Венглос.
Хамшик со 121 погодок е најдобар стрелец во историјата на Наполи, но наскоро може да го надмине Мартенс.