Дома Трансфер зона Агентот на Сари во Лондон преговара со три клуба!

Агентот на Сари во Лондон преговара со три клуба!

Маурисио Сари од Наполи направи една од најдобрите екипи во италијанскиот фудбал, а неговиот офанзивен стил на игра ги купи сите љубители на фудбалот ширум Европа и светот.

Сепак, како што се уште не го продолжи договорот со Наполи, се повеќе се шпекулира дека ќе ја промени средината. По победата над Јувентус, со кој Наполи му се доближи на актуелниот шампион на само еден бод, даде изјава која зборува дека неговата иднина во клубот од „Сао Паоло“ не е сигурна.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради тоа јасно е дека нешто не е во ред помеѓу него и управата, а тоа сакаат да го искористат клубовите од Премиер лигата. Имено, како што дознава „Sprotitalia“, Челзи, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за услугите на Маурисио Сари, а работата да биде уште поинтересна, неговиот агент е забележан во Лондон.

Не е тајна дека Антонио Конте ќе го напушти Челзи на крајот од тековната сезона, „Сините“ најверојатно ќе останат без Лигата на Шампионите, останува надежта да го освојат трофејот во ФА Купот, каде што ќе играат финале со Манчестер Јунајтед, но тој трофеј најверојатно би бил само убав начин Италијанецот да се збогува со клубот. Токму во Сари Челзи ја гледа замената за Конте, па управата ќе се обиде да потпише со него.

Што се однесува на Тотенхем, споменатиот медиум пренесува дека и Тотенхем го сака Сари во своите редови, доколку Покетино го напушти клубот. Тука се разбира е и Арсенал, кој на крајот од сезоната останува без тренер, бидејќи Венгер потврди дека ја напушта екипата по 22 гдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …