Дома Трансфер зона Агентот на Ловрен денес одржал состанок во Италија – трансферот поблиску до реализација

Агентот на Ловрен денес одржал состанок во Италија – трансферот поблиску до реализација

lovren

Многу во последно време се пишуваше за тоа дека Дејан Ловрен ќе премине во редовите на Милан, а денес пристигна нова потврда дека се работи на овој трансфер.

Имено, италијанскиот портал „Калчомеркато“ пренесува информација дека агентот на играчот на Ливерпул, Владо Лемиќ денес имал состанок со претставници на италијанскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ловрен не е во плановите на Клоп за наредната сезона и тоа беше јасно и минатата сезона кога одигра само 18 натпревари иако имаше проблеми со повредите.

Конкуренцијата во Ливерпул е голема и пред хрватскиот репрезентативец се Вирџил Ван Дајк, Жоел Матип и Џо Гомез. Затоа стана јасно дека 30 годишниот стопер ќе треба да побара нова средина.

Сепак, постои еден проблем, а тоа е платата на Ловрен која во овој момент изнесува пет милиони евра, додека Милан е спремен да му понуди три.
Неодамна се пишуваше дека Милан испратил понуда од 15 милиони евра, но дека Ливерпул ја одбил. Се пишуваше дека сумата ќе мора минимално да изнесува 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…