Дома Фудбал Останато Агентот на Зидан се огласи: Ја затвори вратата за Јунајтед, но ја отвори за – Јувентус!

Агентот на Зидан се огласи: Ја затвори вратата за Јунајтед, но ја отвори за – Јувентус!

zidane

Овој викенд Манчстер Јунајтед во луд натпревар во кој одигра фантастично второ полувреме успеа да слави победа против Њукасл од 3:2, но во медиумите и понатаму се пишува дека Жозе Мурињо е во лоша ситуација, иако сега се многу по смирено.

Како главен кандидат за клупата на „црвените ѓаволи“ веќе подолг период се споменува Французинот, Зинедин Зидан кој е без ангажман откако си замина од Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, според зборовите на агентот на францускиот стратег тоа нема да се случи.

„Според мене нема да ја избере Англија, фудбалот кој се игра таму не е негов стил. Имаме разговарано на таа тема и отворено ми кажа дека не е заинтересиран“, изјави за француските медиуми агентот на Зидан.

Пред да започнат лошите резултати во Јунајтед, Зидан се поврзуваше и со Јувентус, па Французите му поставија прашање какви се шансите на „старата дама“.

„Кога е Јувентус во прашање не можам да кажам не, Зидан остави голема трага во Торино и тоа би можело да биде одлука донесена со срце. Мислам дека „старата дама“ има доволно аргументи за да го убеди. Покрај што е нивни поранешен играч имаат и фантастичен проект“, гласеше неговиот одговор.

Сега, не е јасно дали Зидан би прифатил во Јувентус одреден период да биде спортски директор, со оглед дека таа позиција е испразнета после заминувањето на Марота, а на Алегри му оди одлично на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…