Дома Фудбал Останато Агентот на Елмас: Бенфика не е единствениот заинтересиран клуб

Агентот на Елмас: Бенфика не е единствениот заинтересиран клуб

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас во овие моменти е сконцентриран на Европското првенство, по кое ќе се решава неговата иднина во Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се чека да се види дали новиот тренер Лучијано Спалети ќе има доверба во него следната сезона. Агентот на Елмас, Џорџ Харди откри дека повеќе клубови се интересираат за македонскиот репрезентативец.

„Елиф дојде во Наполи за да игра во Лигата на шампионите. Сигурно дека е разочаран од начинот на кој се заврши сезоната, неговиот фокус сега е на Европското првенство. Можам да кажам дека Бенфика не е единствениот клуб кој сака да го доведе, повеќе клубови испратија понуди. Затоа Наполи треба да се изјасни какви се плановите на новиот тренер“, изјави Гарди.

Кај Гатузо и Анчелоти претходно, Елмас имаше и добри и лоши моменти, меѓутоа никако не успеваше да фати континуитет на натпревари од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа!

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унај Емери, изјави по освојувањето на трофејот во …