Герет Бејл во 2013. година од Тотенхем стигна во Реал Мадрид за 100 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Велшанецот во првите неколку сезона беше еден од клучните играчи на клубот од Мадрид, но во последната сезона одигра лошо и се најде на мета на навивачите.
Бејл оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари во кои постигна 14 погодоци, а неколку последни натпревари ги помина на клупата.
Зизу не смета на 29-годишниот Бејл за следната сезона и затоа сака да го продаде, но проблем е неговата огромна плата кој е главната пречка за заинтересираните клубови.
Затоа во клубот од Бернабеу се одлучија на реалната опција, а тоа е позајмица. Сепак, Џонатан Барнет, агентот на Герет Бејл жестоко ја отфрли таа можност.
„Позајмица нема да се случи. Мислам дека тој не сака да оди на позајмца, има прекрасен живот и дом во Шпанија.“
„Мислам дека мора да се случи нешто посебно за тој да го напушти Мадрид, а позајмица не е опција. Поглеми се шансите јас да победам на трка со коњи отколку да се случи тоа.“ – изјави Барнет.