Дома Останати Агаси: Дебатата за квалитетот на Федерер нема рационална основа

Агаси: Дебатата за квалитетот на Федерер нема рационална основа

Роџер Федерер сигурно е еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт. Сепак, дебатата за тоа дали е најдобар постојатно е интересна, а еден од оние кои сметаат дека Швајцарецот тоа не е, е и легендарниот Американец, Андре Агаси.

Агаси кој исто така може да се пофали со фантастична тениска кариера, а денес тренер на Новак Ѓоковиќ, а кога станува збор за Федерер има интересно мислење.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тенисер не може да биде сметан за најдобар некогаш ако еден противник толку пати го победувал. Сепак, тоа е само мое мислење. Исто така, би можел да ја бранам трзата и дека Федерер е најдобар. Таа дебата нема рационална основа, се се сведува на хипотетички прашања“, истакна Агаси па додаде:

„Федерер е единствен. Во секој аспект,по силата, прецизноста и леснотијата на играњето. Тениската игра е поинаква од останатите. Меѓитоа, кога велам игра со леснотија, тоа секако не го прави лесно. Секогаш имаше чувство дека го контролирате мечот, како да има решение за секој проблем. Не може да се негира дека Федерер го одбележа тенисот засекогаш“.

Во својата изјава Агаси, очигледно алудираше на фактот дека Федерер има негативен скор со Надал и Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Олимпискиот оган тргна кон Париз! 🎥

На свечена церемонија денеска во античка Олимпија беше запалена оганот кој тргна кон Париз…