Реал Мадрид утре од 21 часот гостува кај Лајпциг во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
„Кралевите“, сепак, на пат кон Лајпциг доживеале непријатни моменти затоа што во нивниот автобус удрил автомобил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, поради штрајкот на аеродромот во Лајпциг, Реал мораше да го одложи патувањето до крајот на викендот. Наместо директен лет за Лајпциг, авионот на Реал утринава во 11:38 слета во Ерфурт, а потоа играчите се префрлија во клупскиот автобус. Екипниот автобус и уште едно возило требало да одат по најбрзата рута до Лајпциг, но на пат се случила сообраќајна несреќа, пишува „Билд“
За среќа има само материјална штета, односно возачот и фудбалерите на Реал Мадрид не се повредени.
По краткиот застој, „кралевите“ со нивниот автобус продолжиле кон хотелот во кој треба да бидат сместени пред утрешниот натпревар.