Дома Фудбал Абрамович го губи трпението: Легендата кандидат за наследник на Сари

Абрамович го губи трпението: Легендата кандидат за наследник на Сари

Oна што требаше да биде проект на некој нов Челзи би можело да заврши неславно.

Роман Абрамович го отпушти Антонио Конте и на негово место го доведе Маурицио Сари кој одлично ја започна сезоната.

Сепак во последно време Челзи запиша неколку лоши резултати, а во последното коло од Премиер лигата доживра катастрофа против Бурнемот од 4:0.

Сега англиските медиуми тврдат дека во клубот веќе се подготвуваат за наследник на Сари. –

Првите желби на сопствникот Абрамович наводно се легендата на овој клуб Френк Лампард кој го води Дерби Каунти во Чемпионшип и Зинедин Зидан кој се уште е без ангажман после заминувањето од Реал Мадрид.

На Лампард одлично му оди во Дерби и се бори за влез во Премиер лигата, а клубот веројатно не би правел проблеми ако Френк сака да седне на клупата Челзи.

Од друга страна, Зидан е слободен агент, но се верува дека тој повеќе сака сезоната да ја започне од почетокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…