Поранешниот голман на Милан и италијанската репрезентација, Кристиан Абијати смета дека Наполи и Милан имаат потенцијал да го освојат Скудетото.
Оваа сезона како главни фаворити за титилата се Јувентус и Интер, но од почетокот одлично играат Милан и Наполи, кои во недела ќе ги одмерат силите на „Сан Паоло“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можам да кажам дека Милан и Наполи може да се борат за титулата во Серија А до крајот на сезоната. Ова е добра сезона, со добар квалитет и со четири до пет клубови кои се конкурентни за првото место“, вели Абијати.
„Милан и Наполи се меѓу тие екипи, но, дури и да победи Милан на претстојното дерби заборавете го зборот Скудето засега, многу е рано“, додаде Абијати.