Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во шкотското првенство.
На Абердин нема да му биде лесно да го задржи, а извршниот директор Алан Буроус порача дека македонскиот голгетер може да замине само за рекордна сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добро знаеме каков квалитет поседува Бојан и сакаме да го задржиме. Не можеме да веруваме дека ќе остане со нас до крајот на кариерата, но секако дека би сакале да потпише нов договор со кој би се кренала цената за преговорите кога ќе си замине. Нашиот став е јасен, Бојан има уште две ипол години од договорот и ако некој сака да го купи тогаш ќе треба да плати рекордна сума“, изјави Буроус.
Миовски потпиша за Абердин пред една и пол година за сума од 600.000 фунти од МТК Будимпешта.