Дома Фудбал Англија Џерард му даде „корпа“ на Њукасл

Џерард му даде „корпа“ на Њукасл

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Стивен Џерард доби понуда од сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли да го наследи Бентис на кормилото.

Меѓутоа, Џерард учтиво ја одбил понудата, а причина за тоа е што сака да ја продолжи работата во Глазгов Ренџерс каде е на кормилото веќе 12 месеци.

Минатата недела се појави информација дека ја одбил понудата и на Дерби Каунти, каде требаше да го замени Френк Лампард.

Мајк Ешли не успеал да го убеди и другиот фаворит за менаџерското место – тренерот на Ница, Патрик Виеира.

Тоа ја прави ситуацијата на „Сент Жејмс Парк“ многу сериозна бидејќи тимот треба да ги започне подготовките, а се уште нема именувано тренер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рамос има предлог: Посебна „Златна топка“ за Роналдо и Меси

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се погува со фактот дека „Златната топка“ оваа годи…