Дома Фудбал Англија Џака вчера не го напуштил само теренот туку и целиот стадион

Џака вчера не го напуштил само теренот туку и целиот стадион

Арсенал вчера повторно киксираше и одигра 2:2 со Кристал Палас, а после натпреварот внимание привлече капитенот на Арсенал Гранит Џака кој не го издржа притисокот откако трпеше навреди од страна на навивачите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џака ги изгуби нервите кога Емери го замени во 61-та минута и гневно го соблече дресот и ја намести левата на рака на увото провоцирајќи ги навивачите да бидат уште погласни.

Денес се појавија нови детали за таа ситуација. Наводно, Џака не го напуштил само теренот туку и целиот стадион додека натпреварот уште се играл, а тоа ги загрижило неговите соиграчи.

Тројца неименувани фудбалери на Арсенал после натпреварот отишле во посета на домот на Џака за да му искажат поддршка.

Овој месец Џака стана и татко па и на приватен план минува низ турбулентен период па не чуди тоа што пукна поради констатниот притисок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…